Англискиот премиерлигаш Ливерпул излезе како победник во трката по потписот на холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Рајан Гравенберх. За да ги осигураат услугите на одличниот играч за врска, раководните лица на „црвените“ мораа да го прифатат побараното обештетување од 40 мил. евра, а баварскиот гигант може да заработи и дополнителни 5 мил. евра.