Официјална понуда за Ундер

43

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал не се откажува од намерата да ги осигура услугите на турскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Ченгиз Ундер.

Популарните “топчии” се обидоа и за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на одличниот играч за врска, но таквите обиди не вродија со плод. Англиските медиуми ја пласираа и информацијата дека премиерлигашот пред неколку дена испратил официјална понуда за Ундер вредна 26 мил. фунти.