ОУ„Дедо Иљо Малешевски“ лидер во реализација на европски проекти

181

Беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“ е едно од училиштата во источниот регион, кое е лидер во реализацијата на европските проекти, како дел од е-твининг програмата. Поради своето залагање на ова поле, како што истакна амбасадорот за е-твининг програмата, Славица Чавдарска, училиштето ја доби и ознаката за е-твининг училиште.

– Како еден од успесите на училиштето, би го наброиле добивањето на ознака за „Е-Твининг“ училиште, која што за нас значеше голем успех. Ознаката се доделува на училишта кои имаат реализирано голем број европски проекти, а од сите тие проекти очекуваме во скоро време да добиеме национални ознаки за квалитет, а понатаму и европски награди – истакна Чавдарска.

Овие успеси, како што додаде директорката на беровската деветолетка Наташа Аврамска, само се надоврзуваат на претходната успешна реализација на проектите од Еразмус плус програмата.