Отштета за повредените и за семејствата на жртвите од сообраќајната незгода кај с. Ласковци

76

Автобусот на „Дурмотурс“ којшто излета од патот кај с. Ласкараци бил двојно осигуран за несреќи за 59 лица во осигурителната компанија „Евросиг“. Сега семејствата на настраданите и повредените ќе добијат парична отштета, а автобусот ќе заврши на буниште.
Секој починат според полисата за Задолжително осигурување на патници добива 4 500 евра отштета , за траен инвалидитет 9000 евра, 2200 за повреди. За автобусот нема биде исплатена материјална штета“, велат од Еуросиг Осигурителна комапнија.
Но, овде не застанува обврската на „Еуросиг“. Жртвите ги чека и максимална премија од 675 илјади евра кои ќе ги делат според тоа што оставиле зад себе, и какви повреди добиле,, бидејќи според законот, „Дурмо турс“ ја купил и осигурителната полиса за Автоодговорност за трето лице, обврзувачка за превозниците на патници. Побарувањата на оштетените во несреќата може да биде поголема од оваа сума сметаат експертите .

Болката и загубата не можат да се надоместат, но во Македонија човечкиот живот во автобус вреди најмалку 4500 евра, проблематика со која Македонија ќе мора да се занимава доколку сака да се интегрира во Европската унија, објаснува Поповски, за Телма.

Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“, го почитувал законот и ги осигурувал возилата, но затоа не одел далеку за техничките прегледи кои ги правел во фирмата во која тој е овластено лице – Авто мото здружение Гостивар.  Јавното обвинителство сеуште трага по причните за несреќата. Од таму најавуваат дека веднаш чим се подобри здравствената состојба на повредените ќе ги сослушуваат. Ќе се вештачи и телефонот на возачот- листинзите но и дали во кртитчниот момент користел вибер или друга мобилна апликација. Се чекаат и резулатати од обдукцијата, медициснка документација но и документацијата од превозникот „Дурмо Турс“. По онаа во средата, малиот инцидент синоќа, автобус на „Дурмо турс“ минатата година во март излетал од патот во соседно Косово, но без материјална штета и човечки жртви.