Отстрането големо количество градежен шут oд дворот на студентскиот дом “Гоце Делчев” 

60

Отстрането е големо количество на градежен шут од дворот на студентскиот дом “Гоце Делчев” во денешната акција на ЈП ”Комунална хигиена” .

– „ЈП „Комунална хигиена“ спроведе неколку акции за чистење на студентските домови и универзитетите, затоа што веруваме дека студентите заслужуваат да учат и да живеат во чиста и здрава средина. Се надеваме дека нашите активности ќе резултираат со зголемување на свесноста за важноста на совесното и правилно одлагање на отпадот – изјави помошник-директорот на ова јавно претпријатие, Етула Амети.

Во расчистувањето на големото количество градежен отпад од дворот на студентскиот дом, се ангажирани десет работници на „ЈП „Комунална хигиена“, додека од механизацијата се користат втоварувач, кипер и специјално комунално возило-патарка.