Откриен е опасен вирус кој го напаѓа мозокот

248

Нов вирус кој се пренесува преку крлежи наречен мочуришен вирус (WELV) кој може да предизвика фатални инфекции на мозокот за прв пат е откриен кај пациент (61) кој бил лекуван во Џинжу Сити, Кина во јуни 2019 година, пренесува The Sun.

Оттогаш, истражувањата открија дека вирусот, кој го носат крлежите, потенцијално може да стигне до мозокот и да предизвика кома. Споменатиот пациент имал треска, главоболка и повраќање пет дена по посетата на паркот во големото мочуриште во Монголија.

На лекарите им рекол дека го каснале крлежи во паркот и дека му препишале антибиотици. Кога лековите не успеале да му ги ублажат симптомите, лекарите сфатиле дека човекот боледува од вирусна, а не од бактериска инфекција.

Понатамошната анализа на ДНК и РНК во неговата крв го откри претходно непознатиот ортонаировирус, група на вируси кои се пренесуваат преку крлежи, вклучувајќи го и вирусот што предизвикува Кримско-Конго хеморагична треска, ретка и фатална болест која може да се пренесе на луѓето преку каснување од крлеж или контакт со телесни течности на заразени лица и кој убива една третина од заразените.

Експертите открија во The New England Journal of Medicine дека WELV претходно не бил пронајден кај животни или луѓе. Откако го откриле вирусот во крвта на болнички пациент, истражувачите го барале кај крлежите и животните во северна Кина.

Откриле дека пет различни типови на крлежи можат да го носат вирусот, но крлежот Haemaphysalis concinna, кој главно се наоѓа во Русија и во Источна Европа, бил најмногу позитивен. Тимот исто така ја анализирал крвта на „здравите“ шумари кои работеле во монголските мочуришта и откриле дека 12 од 640 имаат антитела против вирусот.

Тие продолжија да го тестираат вирусот на стотици болнички пациенти кои развиле треска во рок од еден месец откако биле каснати од крлеж, а 20 биле позитивни на новиот вирус. Истражувачите откриле дека луѓето со WELV инфекции имаат вообичаени симптоми како треска, вртоглавица, главоболка, слабост, болки во грбот, гадење, повраќање и дијареа.

Резултатите од лабораторијата, исто така, открија дека пациентите може да страдаат од оштетување на ткивото и проблеми со згрутчување на крвта. Еден пациент инфициран со WELV паднал во кома и имал високи нивоа на бели крвни зрнца околу мозокот и ‘рбетниот мозок, што е јасен показател за сериозна инфекција.

Меѓутоа, со третман, сите пациенти закрепнаа и беа отпуштени во рок од четири до 15 дена. Кога експертите го инјектирале вирусот во лабораториски глувци, откриле дека може да предизвика тешки, често фатални инфекции кои влијаат на повеќе органи, вклучувајќи го и мозокот.