Откриено низ каков пекол минува Мбапе

1093
epa11618227 Real Madrid's Kylian Mbappe blows air during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and RCD Espanyol, in Madrid, Spain, 21 September 2024. EPA-EFE/KIKO HUESCA

Во јавноста се појавија нови и по малку шокантни детали за францускиот интернационалец, Килијан Мбапе, и неговата здравствена состојба, а во нив се крие и причината за бледите игри на еден од најдобрите играчи на денешницата.

Брзоногиот напаѓач заедно со Винисиус Јуниор и Џуд Белингем, требаше да го претставува главниот столб на Реал (М) во актуелната сезона. Сепак, предводникот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти се уште е во потрага по идеалната формација.

Поранешниот напаѓач на ПСЖ игра редовно, и Анчелоти и неговите соиграчи го бодрат, но се уште чека да блесне во полн сјај. Медиумите сега тврдат дека причината за таквата ситуација е ментален блок.

„Наим, извор близок до Мбапе тврди дека напаѓачот со месеци се бори со психички проблеми и дека тоа трае уште пред неговото доаѓање во Реал (М)“, пренесува „L’Equipe“.

Не се очекува Мбапе веднаш да се ослободи од психичките проблеми што ги има сега затоа што на играчот му треба време и трпение за да се врати на најдоброто ново.

Изворот тврди дека Мбапе моментално работи со специјалисти за да се опорави и да ја врати формата и острината.

Одличниот фудбалер беше изоставен од репрезентацијата на Франција за натпреварите од Лигата на нации и воопшто не е среќен бидејќи сака да игра поредовно за повторно да се пронајде себеси.

Мбапе постигна осум гола за Реал (М) на 16 натпревари, но постигна само еден гол во последните седум натпревари. Четири погодоци оваа сезона беа постигнати од пенал.

Во октомври, тој се соочи и со сериозни обвинувања за силување додека присуствуваше на забава во Стокхолм, што исто така му создаде дополнителни проблеми.

Слободните денови моментално ги поминува во Париз, каде се дружи со Ахраф Хакими, практично единствениот човек од светот на фудбалот со кој е во пријателски односи.

 

ИЗДВОЕНИ