Откриено кој го „крена“ Новак Ѓоковиќ за Вимблдон

7461
epa11452626 Novak Djokovic of Serbia in action during the Men's 1st round match against Vit Kopriva of the Czech Republic at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain, 02 July 2024. EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY

Поради повреда на менискусот, Новак Ѓоковиќ мораше да се повлече од годинашниот Ролан Гарос. Ден по повредата му беше извршена магнетна резонанца и веднаш беше закажана операција, која помогна да се забрза закрепнувањето на најдобриот тенисер на сите времиња. Францускиот физиотерапевт Жан-Жорж Селиер бил избран да го придружува српскиот тенисер при враќањето на теренот.

Иако купил авионски билети за Маракеш, каде што требало да работи со двајца фудбалери од француската Лига 1 за закрепнување од повредите на коленото, Селиер, како што вели, не можел да ја пропушти можноста да работи со еден од најдобрите спортисти во светот, па картите останале неискористени. Закрепнувањето на Новак му станало приоритет на Французинот.

epa11457152 Novak Djokovic of Serbia gestures during his Men’s 2nd round match against Jacob Fearnley of Britain at the Wimbledon Championships, in Wimbledon, London, Britain, 04 July 2024. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY

„Тоа е значајна авантура, која нема да ја заборавам. Работев со многу големи спортисти, олимписки шампиони, но не знаев дека постои човек со таква волја. Со Новак влегов во друга димензија. Тој има уникатна моќ и внатрешна сила. Толку е посебен Новак!

Откако беше опериран во Париз, многумина предвидуваа дека закрепнувањето на најдобриот српски спортист ќе трае долго, дека ќе мора да се фокусира на Олимписките игри, кои се играат на истото место како и Ролан Гарос. Тоа би значело да го пропушти Вимблдон. Сепак, на Новак му требаа само неколку дена за повторно да започне со тренинзи. Набрзо го зеде рекетот и на Вимблдон стигна до самата завршница. Тој го постигна овој успех по нешто повеќе од еден месец откако беше опериран во Париз.

Крај за хрватската сензација 

Италијанската тенисерка Џасмин Паолини за првпат во кариерата се пласира во финалето на најстариот грен-слем турнир, Вимблдон, откако по три сета со 2:6, 6:4, 7:6 ја совлада 37. тенисерка во светот, Дона Векиќ од Хрватска.

Седмата тенисерка во светот победи по два часа и 51 минута и вторпат во кариерата се пласира во финале на грен-слем турнир. Во финалето на Вимблдон, Италијанката ќе ги одмери силите со Чехинката Барбара Крејчикова, која беше поуспешна од Елена Рибакина од Казахстан во полуфиналето, со 3:6, 6:3, 6:4.