Откриена тајна чувана 3.500 години: Италијански археолози откопаа менза со керамика во Азербејџан

4207

Италијански тим археолози откри 3.500 години стара менза со керамика во Азербејџан.

Археолозите изјавија дека е можно мензата да ја користеле номадските народи од Јужен Кавказ, пренесе АНСА.

Откриена е грнчарија и куќиште за мангал.

Откритието во Тава Тепе го направи тим археолози предводени од професорот Николо Ланери, професор по археологија и историја на уметност на древниот Блиски Исток на Универзитетот во Катанија.

Тоа откритие детално ќе биде објавено на 12 јули на фестивалот „Археофилм“ на грчкиот остров Наксос.