Откриена марихуана во пакет испратен по пошта за затвореник во штипскиот затвор

48

На 12.10.2023 во 13.42 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека во пакет, кој пристигнал по пошта за осуденикот Х.С.(28) од Скопје, била пронајдена марихуана. Полициски службеници извршиле увид и ја подигнале дрогата за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.