Мигрант кој работел како чувар во супермаркет во Верона спречил вооружен грабеж фаќајќи млад маж од Магреб вооружен со нож, по што добил дозвола за престој во Италија поради неговата храброст, соопшти денеска локалната полиција.
Пред обидот за вооружен грабеж, тој неколкупати интервенирал за да спречи ситни грабежи, при што во неколку наврати бил удиран со тупаници и удрен со шише.
Анса наведува дека поради тоа мештаните на човекот му го дале прекарот „маалски ангел“.
Откако ѝ помогнал на полицијата да уапси млад човек кој се обидел да изврши вооружен грабеж, началникот на локалната полиција му доделил награда „пријател на полицијата“, соопштија безбедносните сили.
Полицискиот комесар во Верона, Роберто Месучи, лично на неименуваниот маж му дал дозвола за престој, за што вообичаено е потребна долга процедура, пренесува Танјуг.