Откако се дозна дека заработува повеќе од британски премиер, шефицата на кабинетот на Стармер поднесе оставка

114

Сју Греј, шефицата на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, денеска поднесе оставка, по неодамнешните критики за тензиите меѓу неа и главниот советник на Стармер, Морган МекСвини и веста дека таа заработува повеќе од премиерот.

Би-би-си објави дека годишната плата на Греј била 170.000 фунти (154.000 евра), што е за околу 3.000 фунти повеќе од годишната плата на еден британски премиер.

Греј рече дека ја прифатила новата улога на пратеник на Стармер за региони и нации, а Мексвини е тој што ќе ја замени како шеф на кабинет во Даунинг стрит.

„Во текот на мојата кариера, мојот прв интерес секогаш беше јавниот сервис. Сепак, во последните недели ми стана јасно дека јавната дебата околу мојата позиција ризикува да ја наруши виталната работа на владата“, рече Греј во изјавата.

Греј стана позната во 2022 година кога ги водеше истрагите „Партигејт“ – наводи дека поранешниот конзервативен премиер Борис Џонсон и неговиот персонал присуствувале на забави во владините згради, и покрај строгите правила за заклучување поради СОВИД-19. Истрагата помогна да се симне Џонсон од власт.

Во последните недели, Стармер се соочи со критики за платата на Греј, како и со негативни извештаи дека тој и неговата сопруга прифаќале подароци и други предмети во вредност од илјадници фунти. Тој негираше одговорност.