Откако обвинувањата за сексуални напади го доведоа на раб на банкрот: Кевин Спејси се обидува да ја оживее кариерата во Ерменија

66
Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Актерот Кевин Спејси се обидува да ја обнови својата кариера откако призна дека е на работ на банкрот поради обвинувања за сексуално недолично однесување, и тоа така што ќе држи часови по глума во Ерменија.

Оскаровецот (64) оваа недела е во Ереван, каде им одржа час по глума на студентите, откако беше прогласен за „почесен гостин“ на Меѓународниот филмски фестивал „Златна кајсија“, пишува Дејли Мејл.

Спејси минатиот месец призна дека е на работ на банкрот поради повеќемилионски судски трошоци, пренесува Танјуг.