Хаосот на Хируршките клиники не се надминува и по 20 дена од нивното неработење. Според д-р Башким Шабани, вработен на Клиниката за урологија во Скопје, како хирург уролог на неговата клиника веќе работи една сала во две смени.Тој вели дека се откажани голем број на операции, околу две илјади,а поради одморите, рече тој, листата на чекање ќе се пролонгира за уште два – три месеци. Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму реагираат што министерот за здравство во заминување не превзема ништо да се надмине оваа  сериозна состојба, која што во ниту една земја не би се толерирала толку долго.

 

 

Хаосот на Хируршките клиники не се надминува и по 20 дена од нивното неработење. Листите на пациенти кои што чекаат хируршка интервенција расте,а во меѓувреме се чека германските експерти кои се дојдени во Македонија да дадат одговор, поради што се шири непријатната миризба и да дадат можно решение. Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму реагираат што министерот за здравство во заминување не превзема ништо да се надмине оваа  сериозна состојба, која што во ниту една земја не би се толерирала толку долго.

-Министерот за здравство префрла вина, заменичката министерка прославува родендени, а 12 директори молчат и се кријат за овој скандал. Неброени операции се одложени, животи на луѓе се загрозени, а десетици луѓе дневно се препраќаат во други здравствени установи или приватни клиники и некој си игра пинг понг со нивните судбини- реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие исто така посочувааат дека нема ниту официјална бројка кулку пациенти чекаат за интервенција, a дел од нив се пракаат на Клиниката за хируршки болести “Свети наум Охридски” и “8 септември” каде во моментов е вистински хаос и врие од пациенти.

Според д-р Башким Шабани, вработен на Клиниката за урологија во Скопје, како хирург уролог на неговата клиника веќе работи една сала во две смени.

-Како привремено решение се поставени компресори однадвор, но и мобилни компресори во сала.Сѐ уште нема трајно решение за оперативните сали. Каков ќе биде целиот систем на гасовод и на компресорските станици, уште не се знае. Не работиме со полн капацитет.Најавено е дека од понеделник ќе бидеме спремни да работат две сали со елективна програма- вели д-р Шабани и дополни дека според нивните информации, сите хируршки клиники претходно имале околу сто операции дневно.

Тој вели дека се работи за околу две илјади операции, а поради одморите, рече тој, листата на чекање ќе се пролонгира за уште два – три месеци.

– Здравствениот систем во Македонија е централизиран. Најголемите хируршки интервенции се прават во Клиничкиот центар. За жал, ова многу ќе влијае во здравствената состојба на пациентите. Има пациенти со карцином на простата, на пример, таму има простор за чекање. Меѓутоа, има тумори на мочен меур, на бубрег, што навистина не можат да чекаат многу, бидејќи, додека се чека, може да се појават и метастази, појасни докторот.

Тој нагласи дека трајното решение е во смена на компресорската станица која е стара 30 години, а  тоа го потврдиле и германските експерти.

Заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева најави дека додека се чекаат резултатите од германските експерти, со надворешни компресори и работа во две смени се планира да се реши кризата на хируршките клиники.Од друга страна пак хирурзите реагират нема доволен број ниту надворешни копресори, а во неколку сали каде не се чуствува миризбата не прават една до две итни операции во текот на денот.

– Нема доволен број на компресори затоа што се набавувани како резервни варијанти од секоја од клиниките, не е предвидено дека може да настане ваков дефект и треба да бидеме реални со овој проблем што постои, вели Маја Манолева, заменик министер за здравство и дополнува дека менаџерите имаат наредба да направат итни јавни набавки за надворешни компресори за да се надмине проблемот.

Манолева не обелоденува колку пациенти требало да бидат оперирани за овие 20 дена.Таа кажа дека се сретнала со директорите на сите хируршки клиники, за да се види како да се надмине снабдувањето со компримиран гас од централната компресорска станица. Договорено било хируршките клиники да почнат со работа и да работат во две смени.

Таа додаде дека само две од хируршките клиники не се докомплетирани и очекуваат наскоро и тие да бидат комплетирани со соодветни надворешни компресори и боци со комрпомиран воздух со што практично, според неа, ќе може да се задоволат најголем дел од потребите на хируршките клиники. (В.Ма.)