Популарниот ланец за брза храна, Мекдоналдс, има многу клиенти ширум светот и секој ден угостува милиони луѓе. Неодамна е отворен и најмалиот ресторан на светот и се наоѓа во Шведска, но неговите гости не се луѓе туку пчели.

Симпатичниот ресторан е со големина на кошница, поради што го понесе епитетот “најмал на светот”. Иако е мал, во него сè е изработено до најситен детаљ: натписите, седиштата, но и познатиот знак “M”.

Малата зграда која е цела во знакот на Мекдоналдс, всушност не е ресторан туку потполно функционална кошница, пренесе српски Телеграф.

Како што е веќе познато, некои од рестораните имаат кошници на своите кровови, па затоа ова е симпатично оддавање на почит кон популарниот ланец за брза храна.

Пчелите се од клучно значење за здраво функционирање на екосистемот поради фактот што опрашуваат околу три четвртини од нашите билки. Меѓутоа, климатските промени и употребата на пестициди доведоа до намалување на бројот на пчели, а без пчели нема ни храна – што е лоша вест за сите нас, а не само за Мекдоналдс.

Со оглед на тоа што постојат повеќе од 37.0000 Мекдоналдс ресторани ширум светот, покривање на секој од нив со кошници секако би имало позитивно влијание врз бројот на пчелите.

Би било убаво ако оваа иницијатива продолжи да се шири и надвор од Шведска.