Отворен ден „Работи и заработувај од дома” во Крива Паланка

126

Околу педесетина средношколци, невработени лица и вработени од ИТ – секторот во Крива Паланка присуствуваа на денешниот отворен ден за презентација на креативни професии, можности за работа од дома, “Upwork”- платформата и алатките за креативни софтвери” Photoshop” и “Illustrator”.

Настанот го организираа општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка”, во соработка со Семос едукација, Скопје.

Присутните ги проследија презентациите за атрактивност на креативните професии на Ангелина Канчевска, раководител на авторизиран тренинг центар и Семос академија за дизајн и креативни алатки и Upwork- платформата за што говореше Бобан Крстев, сертифициран Addobe инструктор.

– Ова се најдобар и најатрактивен начин оние млади кои учат во моментот да се надградат со вештини во креативните софтвери. Сите кои сакаат, да се до и преквалификуваат пак, имаат можност и за подолги едукативни програми и покрај со вештини можат да се стекнат и со компетенции преку работа на реални проекти. Најупотребувани софтвери се тие на Адобе- за графички и веб-дизајнери, видео специјалисти, фотографи и илустратори, кои им нудат бројни можности да се реализираат во една од овие професии и креативно да се изразат. Атрактивна е и Аутодеск- алатката со која од друг аспект се нудат можности за надополнување на знаењата на креативците кои сакаат да се надградат во областа на ентериерот и внатрешниот дизајн, рече Канчевска.

Според организаторите, овој отворен ден е само почеток во серијата настани со кои одблиску ќе им бидат презентирани на младите начините за заработка од дома, со што ќе се реализираат во струка која ќе им овозможи да се изразат креативно и притоа да останат во средината во која живеат.

Ова е прва соработка на Семос едукација со општина Крива Паланка и фондацијата „Со срце за Крива Паланка”, а веќе се отворени можности за идна соработка, со цел развој и унапредување на средината, на младите, отворање нови перспективи за развој на заедницата, создавање иднини генерации млади луѓе кои ревносно ќе го трасираат патот во родниот крај.