Општина Илинден организира отворен ден со граѓаните кој се реализира секој четврток од 13 до 16 часот.
– Сите заинтересирани граѓани во овој термин можат да остварат средба со стручните служби на општината, со директорите на јавните претпријатија и со градоначалникот. На средбите, граѓаните ќе можат да ги посочат своите проблеми, да ги претстават своите идеи, предлог-проекти, како и да придвижат нови иницијативи. За да остварат средба граѓаните ќе мораат претходно да закажат термин на тел. 02/2571-703 и 02/2571-704 и да ја наведат причината за средбата, за стручните служби да бидат подготвени да им одговорат на потребите – информираат од општина Илинден.