Францускиот гигант Олимпик од Марсеј и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на искусниот играч за врска, Пол Погба, кој ќе се врати на зелениот терен за неколку месеци откако ќе му заврши суспензијата поради користење на недозволиви супстанци. Покана за преселба на „Велодром“ поранешниот фудбалер на Јувентус и Манчестер Јунајтед веќе доби од стандардните првотимци на Марсеј, Адриен Рабио и Мејсон Гринвуд.