Осум тажни години без кралицата на песната – Есма Реџепова

526

Таа  само физички замина, песните остануваат….

Денес се навршуваат осум претажни години од како физички меѓу нас ја нема веќе кралицата на ромската песна и кралицата на доброто расположение, славната Есма Реџепова-Теодосиевска. Почина по кусо, но тешко боледување на 73 годишна возраст во Скопје. Зад себе остави гомила хитови, над 12 илјади концерти ширум Земјината топка. Сними и 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари успешна соработка и со скоро сите музички светски и ексјугословенски имиња.

Најчесто другаруваше со славната Тереза Кесовија – во 2003-та година, Есма и Тереза во Скопје со букети цвеќе ја посетија родната куќа на “Мајка Тереза“

Беше наградувана и славена најмногу во Индија и тоа лично од Индира Ганди, и секако на овие балкански простори, и од југословенскиот Председател  Маршалот Тито, и потоа во независна Македонија, во која дојде повторно да живее и пее.

Во својот богат живот има хуманитарно одгледано 47 деца и одржано голем број хуманитарни акции и концерти.  Неколку месеци пред смртта, беше промовирана нејзината монографија. Есма беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали и манифестации низ светот.  Една година ја представуваше Македонија  на “Песна на Евровизија“. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.