Свечља: Уапсени 8 лица, запленети експлозиви, шест бомби и два калашникови

1374

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, на прес-конференција изјави дека по нападот на каналот Ибар-Лепенац се уапсени осум лица, кои наводно се поврзани со криминални и терористички активности.

Тој додаде дека е извршен претрес на 10 локации на северот на Косово и дека се пронајдени повеќе од 200 воени униформи, шест бомби, два калашникови, делови од оружје, експлозиви, воени шлемови, маскирна опрема, како и евра и динари.

„Повеќето од луѓето кои беа претресени се поврзани со организацијата „Цивилна заштита““, рече Свечља.

Највисоките претставници на Косово директно ги обвинија Србија, Александар Вучиќ и Милан Радоичиќ за саботажа, што српскиот претседател го негираше и понуди помош во истрагата и реконструкцијата.

Веста за саботажа ја крена Приштина на нозе, вклучително и меѓународни претставници, а северно Косово, пред се Зубин Поток и Северна Митровица, практично се под опсада на силни полициски сили, но и со значително присуство на припадници на КФОР.

ИЗДВОЕНИ