Шефот на заводот за затворски санкци во Невада поднесе оставка на барање на гувернерот на таа американска сојузна држава откако беше откриено дека еден затвореник осуден на доживотен затвор не само што избегал од затворот, туку за неговото бегство не се ни знаело цели четири дена, соопштија од канцеларијата на гувернерот.
Како што се наведува, Стив Сисолак „побарал и добил оставка од директорското место на заводот „Чарлс Даниелс“, која веднаш стапи на сила, а шест затворски службеници се суспендирани.
Порфирио Дуранте-Херера, осуден на доживотна робија поради бомбашки напад во 2007 година, избега на 23. септември од затворската установа Јужна пустина во близина на Лас Вегас. Никој не забележал 4 дена дека тоа се случило.
Дуранте-Херера, е откриен среде Лас Вегас во средата вечерта, при обид да се качи во автобул кој би го однел надвор од градот.
Установата Јужна пустина е карактеризирана меѓу затворите со средна безбедност, а нејзината управа не го открила исчезнувањето на Дуарте-Херера се до вторникот.
Тој е осуден на доживотна затворска казан бидејќи со рачно направена, далечински активирана направа предизвика експлозија пред едно од казината во Лас Вегас, усмртувајќи едно лице.
Полицијата во Лас Вегас соопшти дека во средата вечерта добила дојава дека лице кое одговара на описот на бегалецот се наоѓа на нејзиното подрачје. Осумничениот е приведен, а неговиот идентитен е потврден.