ОСУДЕНИ СЕ: Одат зад решетки 13 велешани кои силуваа и продаваа малолетничка

310

Oсудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување.

Основниот кривичен суд Скопје, денска ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривичните дела Трговија со малолетно дете од чл. 418 – г, Силување од чл. 186 ст.2 и Прикажување порнографски материјали на малолетник од чл. 193 ст.3 од КЗ., при што сите 13 обвинети, судот ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности ги осуди на казни затвор и тоа:

С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече Условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку следните 5 години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор.

Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата. Воедно судот на првите 5 осудени лица им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката.
„Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата: Станува збор за кривично – правена постапка кој во текот на главната расправа, по предлог на Јавниот обвинител, но и заради одредбите од ЗКП, со оглед да оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд на РСМ со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправа, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена пред се заради заштита на податоците за жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права“, соопштија од судот.

Обвинителката ќе бара повисоки казни од Апелацијa.