Осудениот лидер на Златна зора хоспитализиран во критична состојба со Ковид-19

38

Лидерот на Златна зора, осуден на затворска казна за формирање и водење криминална организација, од затвор бил пренесен во болница со Ковид-19, каде што е хоспитализиран во критична состојба и приклучен на апарати, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, 64-годишниот Михалољакос не е вакциниран, хоспитализиран бил пред неколку дена, а од синоќа, поради влошената ситуација е приклучен на апарати.