Јужно од Мексико Сити, меѓу каналот Сочимилко, можете да најдете мал остров со тажна приказна што никогаш не требал да стане туристичка дестинација. Островот е посветен на изгубената душа на сиромашна девојка која прерано ја доживеала својата несреќна судбина во чудни околности.
Станува збор за островот Исла де лас Мунекас, една од најморничавите дестинации во светот. Островот на куклите, во превод, изгледа како приказна за најстрашниот хорор филм на сите времиња. Островот му нуди страв на секој што ќе го види.
Според легендата, мало девојче се удавило во каналот пред околу 50 години.
динствениот жител на овој остров, Дон Џулијан Сантана Барера, набргу по смртта на девојчето пронашол стара кукла во водата. По тој ден, тој секојдневно наоѓал по некоја кукла. Многу брзо почнал да ги собира и да ги поставува низ островот, убеден дека тоа е некаков знак.
Токму поради оваа приказна, без разлика дали е вистинита или не, се поголем број туристи доаѓаат да го посетат ова хорор место, и да ја проверат приказната за злите духови. Интересно е што туристите веруваат во целата приказна, па со себе носат кукли и ги оставаат на островот.