Една од најбизарните ситуации во светот на спортот ни доаѓа од соседна Бугарија, каде тамошниот клуб Черно Море му даде отказ на својот најдобар кошаркар, Американецот Џими Гавин. Причина за таквата одлука на клубот е тоа што во пасошот на Акериканецот повеќе немало место за нова виза!

  • Пасошот на Џими е исполет до последното место. Веќе немаше место за нова виза. За издавање на нов документ и виза беше потребно 21+35 дена, така што ќе бевме повеќе од два месеци без неговите услуги. Ова беше невозможно за нас, но навистина ни е жал, бидејќи се работи за одличен играч и добро момче. Но, навистина не можеме ништо да направиме, истакна клупскиот менаџер Саша Топчов.

Џими е на врвот на листата на стрелци во бугарското првенство, а во просек бележеше по 20.5 поени по натпревар.