Осмо место на СП ја носи Македонија во квалификациите за ОИ 2020

58

Светската ракометна федерација (ИХФ) уште минатат година ги објави правилата за тоа кои репрезентации од Светското првенство во Германија и Данска може да се надеваат на пласман во олимписките квалификаци. На ЛОИ во Токио 2020 година, ракомет ќе играат 12 екипи. Шест од нив се пласираат директно, прво Јапонија како домаќин, потоа светскиот шампион од Мундијалот, како и прваците на Европа, Азија, Африка и двете Америки.

Останатите шест места на ОИ 2020 ќе се пополнат преку квалифиакциски турнири и Македонија тука ја чека својата шанса. Правилото гласи: репрезентациите кои ќе се пласираат од второ до седмо место на СП 2019 обезбедуваат пласман на олимписките квалификации. Меѓутоа, ако некоја од тие шест екипи обезбеди директна виза за Токио 2020 по друга основа, тогаш границата се поместува, па на квалификации ќе оди осмата екипа од СП 2019. Ако има втора селекција која директно би се пласирала во Токио тогаш се ослободува место за деветтата итн.