Осмислен Тиндер за католици, регистрација само со препорака на свештеник

28

 Ако не сте задоволни со Tinder, можеби она што го барате е Navis Fidelis, апликација за поврзување на католици кои активно ја практикуваат верата.

Навис Фиделис е дизајниран од францускиот свештеник Лорен Шприје од Лион, а регистрацијата засега е можна само по препорака на свештеник, односно со негова потврда дека редовно одите во црква и дека сте добар католик со сериозни брачни аспирации.

Од корисниците се очекува и редовно да одат на исповед, да живеат во предбрачен целибат, да сакаат да се свршат и да имаат најмалку 26 години.

„Во Франција дури 37 отсто од возрасните живеат сами. Во современото општество има се помалку можности за состаноци и дружење, па на самците им станува се потешко. Затоа решивме да понудиме можност за средба“, изјави Шприје, кој е воодушевен од фактот што Навис Фиделис веќе има повеќе од илјада членови, пренесува RP Online.

Годишната членарина е 42 евра, од кои пет евра одат во хуманитарни цели. Апликацијата не им нуди на корисниците класични разговори, туку ги поттикнува луѓето да организираат собири со добра храна, прошетки или некои спортови.

View this post on Instagram

 

A post shared by Navis Fidelis (@navisfidelis)