Османи во Украина, како претседавач на ОБСЕ

42

Претседавачот на ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денеска е во работна посета на Украина каде што ќе одржи средби со високи владини претставници, пратеници, граѓанското општество и персоналот на Програмата за вонбуџетна поддршка на ОБСЕ за Украина.

Дискусиите ќе се фокусираат на најитните предизвици со кои се соочуваат цивилите поради тековната војна на Русија против Украина и континуираната улога на ОБСЕ во поддршката на народот, институциите и граѓанското општество на Украина.