Османи: Ако клубот не се викаше „Ванчо Михајлов“, и ние ќе бевме на отворањето

144

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека македонската Влада секогаш поддржува отворање клубови на сите етнички заедници во Македонија.

-Ние немаме ништо против отворањето на бугарскиот клуб во Битола. Спорно беше името на клубот, кое се сфаќа како провокација. Да не беше такво името, тогаш и ние ќе бевме дел од отворањето на клубот, рече Османи.

За тоа дали било провокација, министерот вели дека така било перцепирано од македонските граѓани.

-Мислам дека беше несреќен избор на име. Бугарската заедница треба да си се произнесе зошто такви ликови им се важни. Името на клубот е провокација, не самото отворање на клубот, рече Османи.