Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, експресно ја одби првата официјална понуда на лондонскиот премиерлигаш Арсенал која беше наменета за нигерискиот интернационалец Виктор Осимен. Понудата вредна 51 мил. фунти е одбиена со образложение дека брзоногиот напаѓач вреди дупло повеќе и не е за продажба.