Лондонскиот премиерлигаш Челзи и понатаму со големо внимание ја следи ситуацијата околу нигерискиот интернационалец од редовите на турскиот суперлигаш Галатасарај, Виктор Осимен. Брзоногиот напаѓач во Истанбул настапува како позајмен играч од редовите на калчолигашот Наполи и не планира да остане во редовите на Галатасарај откако ќе заврши актуелната сезона.