Лондонскиот премиерлигаш Челзи доби сериозна конкуренција во тимот на Њукасл кога е во прашање потписот на нигерискиот интернационалец од редовите на турскиот суперлигаш Галатсарај, Виктор Осимен. Брзоногиот напаѓач престојува во Истанбул како позајмен играч од редовите на Наполи чии челници се подготвени да седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда не биде помала од 80 мил. евра.