Лондонскиот премиерлигаш Арсенал е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на нигерискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Виктор Осимен. Менаџерот на „топчиите“ е убеден дека Осимен може да биде идеално решение кога е во прашање централната напаѓачка позиција, но неговата желба ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 80 мил. фунти.