Свештеници на Македонската православна црква, предводени од владиката Јосиф, го извршија чинот на осветување на новоизградениот православен храм посветен на светицата „Света Екатерина“. Ова е четврта и најнова црква во селото Стенче.
Изградбата беше започната во 2013 година, кога на 19 мај истата година бил осветен камен-темелникот од страна на тогашниот митрополит полошко-кумановски Кирил, соопштија од Тетовско-гостиварската епархија.
Новата црква се наоѓа над самото село, на ридот Чука, спроти Стенчевската тврдина.