Освежувајте се до ненаситка со овошје од кое се слабее

433

Не постои полесна, поосвежителна и пополезна храна за организмот од овошје во лето. Уште повеќе кога знаете кои овошја помагаат конкретно и во топењето на вишокот килограми. Заборавете на плановите и маките околу размислувањето за вечерата – неколку овошки се доволна замена и вистински избор за природна вита летна става.

Шумско овошје
Вкусното шумско овошје како што се малинките, капинките, брусницата, боровинките, рибизлата, се истакнуваат по побогатото количество влакна и по способноста да го регулираат нивото на натриум. Исто така, содржат и антоцијани, пигменти кои ја поттикнуваат асимилацијата на шеќерите и мастите, што ги прави ефикасно овошје за слабеење. Се препорачува шумското овошје да го консумирате околу пладне и приквечер.

Лубеница

Поради големото количестов вода што ја содржи, лубеницата може лесно да ве засити, така што ќе можете да избегнете да јадете друга храна во поголеми количества. Покрај тоа, лубеницата е одличен диуретик. Богата е со витамин Ц, со комплексот витамини Б, калиум и ликопен, пигментот кој помага при превенција на рак. Се препорачува лубеницата да ја кадете наутро пред јадење, меѓу оброците, и да не ја мешате со други јадења доколу сакате да стопите некој килограм, бидејќи само на тој начин брзо ќе се забележат резултатите. Можете да ја јадете веднаш свежа или да ја иситните во блендер со малку лимон. Немојте да ги вадите семките, бидејќи и тие се многу здрави.


Јаболко
На сите им е познато дека јаболкото е едно од најздравите овошја, и затоа е пожелно и полезно да се изде барем едно јаболко на ден. Благодарение на урозолинската киселина која се наоѓа во кората, јаболкото го забрзува согорувањето на мастите. Содржи влакна, може да се јаде свежо, печено или варено со цимет. Исто така, ако сакате да намалите некој килограм, можете секој ден да пиете чај од јаболко и цимет наместо вечера.

red apple isolated on white background

Крушка
Крушката е овошје кое содржи два антиоксиданси за слабеење, а тоа се катехинот и флавоноидот, кои го спречуваат задржувањето на течностите и ги елиминираат токсините и мастите од организмот. Во текот на денот можете да ја јадете вообичаено и умерено, а за вечера изедете неколку крушки, и набрзо ќе забележите дека сте изгубиле неколку килограми.

Лимун
Ова цитрусно овошје ја прочистува крвта и помага при топење на наталожените масти во организмот. Се препорачува да исцедите еден лимон во чаша вода и да го испиете наутро на празен желудник, во текот на денот и по јадење, за полесна да ја сварите храната, особено онаа со многу масти.

Грејпфрут
Грејпфрутот е идеално овошје за слабеење. Помага против задржувањето на течностите во организмот, го прочистува, го штити црниот дроб и ги разградува мастите. Може да се јаде свеж или исцеден како сок. Доколку малку горчливиот вкус на цитронот ви пречи, можете сокот да го засладите со малку мед.