Одлична вест за љубителите на култниот филм „Титаник“ доаѓа од дистрибутерот Blitz.
По 25 години, филмот повторно ќе се прикаже на големото платно, овој пат во освежена верзија – премиерата е закажана за 9 февруари, а новото филмско парче ќе пристигне во форма на IMAX® 3D и 3D 4K формати, порачуваат од Blitz.
Ненадминатото филмско остварување зад себе има 11 Оскари – за најдобар филм, режија, кинематографија и монтажа…
Некогаш стана најуспешниот филм на сите времиња и ги прослави Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет…