О‘Саливен против Динг за финале

42

Снукер играчите Рони О‘Саливен и Динг Џунхуи се пласираа во полуфиналето на турнирот во Лондон. Легендарниот Британец во 1/4 финалето беше подобар од Велшанецот Рајан Деј со 6:3 во фрејмови, па остана на добар пат да го освои мастерсот по рекорден осми пат. Негов противник во 1/2 финалето ќе биде токму Кинезот Динг, кој во претходното коло беше подобар од Белгиецот Лук Бресел со 6:5.

Другото полуфинале го сочинуваат подобрите од дуелите помеѓу Марк Селби и Џад Трамп, како и Бери Хокинс и Нил Робертсон, мечеви кои се одиграа денеска.