Организаторите на турнирот во Дубаи ќе ја наместат ждрепката за да победи Федерер 

69

Се уште не се заборавија обвиненијата од страна на Жулијан Бенето како Роже Федерер ужива во привилегираноста при ждрепката на Австралија опен, а на повидок е нов скандал. Федерер на турнирот во Дубаи, кој е на програмата од 25. февруари до 3. март ќе биде прв носител, а проблемот е тоа што директорот на турнирот, Салах Тахлак, истакна дека посакува Швајцарецот да го има најлесниот пат до освојување на осмата титула.

Во најмала рака ова е чудна изјава, која на некој начин покажува дека би можело да дојде до фаворизирање на Швајцарецот во однос на останатите учесници. Тоа секако не наиде на позитивен одговор кај останатите, без оглед на желбата на многумина Федерер конечно да го освои јубилејниот стоти трофеј во кариерата.

-За Роже, Дубаи е важен бидејќи првата официјална титула ја освои во Милано, на турнирот чиј главен спонзор беше Дубаи Дјути Фри. Секогаш имало моќна врска помеѓу Федерер и Дубаи, така што убаво е тоа што повторно ни се врати. Се надевам дека ждрепката наредната сабота ќе му помогне, бидејќи ако дојде до финалето и го освои овој турнир, тоа ќе му биде осми трофеј во Дубаи и стоти во кариерата. Ќе биде магичен момент, но и нешто за кои зборуваат сите во Дубаи, истакна Тахлар.

Нормално, ваквата изјава предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

-Тениските организатори веќе и не кријат за кого се наклонети, прокоментира еден тениски навивач на Твитер.

Како и да е, Федерер ќе настапи од 25. февруари на овој турнир, а дали ќе дојде до титулата и каков ќе биде неговиот пат до финалето ќе дознаеме наскоро.