„Европскоиот совет би требало да го разгледа спроведувањето и делотворноста на нашата моментална политика кон Украина, вклучувајќи ги различните програми за помош“, пишува Орбан во писмото, кое нема датум, но има печат од неговата канцеларија.
Тој го поставува прашањето зошто Европа би требала да продолжи да ја поддржува Украина во момент кога Соединетите држави, кои обезедија најголем дел од воената помош за Украина, можеби нема да можат да продолжат да го прават тоа, поради што нема согласност во Конгресот.
„Европскито совет мора да одржи искрена и отворена дискусија за изволивоста на стратешките цели на ЕУ во Украина“, се наведува во писмото.
„Дали и понатаму сметаме дека овие цели се релано остварливи? Дали оваа стратегија е одржлива без силната поддршка на САД? Можеме ли да ја земеме здраво за готово постојаната поддршка на САД? Како да ја замислиме безбедносната ахритектура на Европа по војната“, напиша Орбан.
Се додава дека „Европскиот совет не е во позиција да носи клучни одлуки за предложените безбедносни гаранции или дополнителна финансиска поддршка за Украина, да го поддржи понатаму понатамошното јакнење на режимот на санкции на ЕУ или да се договори за иднината на процесот на проширување, доколку не се постигне консензус за идната европска стратегија кон Украина“.
Писмото на Орбан го зголемува влогот во долготрајниот судир меѓу Будимпешта и Брисел, кој задржува 13 милијарди евра од фондовите на ЕУ за Унгарија поради загриженоста дека земјата ги прекршува стандардите на Унијата за владеење на правото.
Без директно да се каже тоа, писмото сугерира дека Будимпешта може да го искористи правото на вето за да ја блокира исплата на планираните 50 милијарди евра помош за Украина, пари потребни за финансирање на украинската влада.