Орбан е „исплашен“ од „планот за победа“ на Зеленски

789

„Планот за победа“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски ме тера да се плашам“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Претседателот Зеленски го презентира својот план за победа. Она што тој го кажа вчера во украинскиот парламент е премногу застрашувачки“, напиша Орбан на Фејсбук.

Унгарскиот премиер истакна дека Европската унија влезе во конфликтот „со слабо организирана, лошо спроведена и лошо пресметана стратегија“.

Според него, време е од воена стратегија да се премине на мирољубива.

Орбан рече дека ќе ги покани германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон брзо да започнат преговори со Русија во име на целата ЕУ за решавање на украинскиот конфликт.

„Јас сум еден од оние кои ја повикуваат Европската унија да ја промени својата сегашна стратегија. Европската унија влезе во оваа војна со лошо организирана, лошо спроведена, лошо пресметана стратегија, за која претседателот на Комисијата ја сноси главната одговорност“, напиша Орбан, мислејќи на Урсула фон дер Лајен.

Ставот на унгарскиот лидер го доведува во конфликт со лидерите на ЕУ, вклучително и шефот на дипломатијата Жозеп Борел, кој сака да види одлука на состанокот на Советот за „деблокирање на плаќањата од Европскиот мировен фонд и за обезбедување поголема воена поддршка за Украина.

Унгарија повеќе од една година го блокира трансферот на 6,6 милијарди евра на Киев, предизвикувајќи гнев кај другите земји-членки.