Орбан: Во Брисел се во тек подготовки за влегување на Европа во војна

109

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната и додаде дека е неопходно зајакнување на одбранбените капацитети на Унгарија.

Орбан изјави за радио Косут дека „има некои алармантни сличности меѓу сегашното време и времето кога се подготвуваа за првата и втората светска војна“, пренесува агенцијата МТИ.

„Она што денес се случува во Брисел и Вашингтон, или во моментов повеќе во Брисел отколку во Вашингтон, создава атмосфера за можен воен конфликт, што би можеле да го опишеме како подготовка за влез на Европа во војната“, рече унгарскиот премиер.

Орбан исто така изјави дека поради тоа има потреба од зајакнување на армијата бидејќи тоа само по себе може да ја одврати војната.

Слабоста е најчеста причина за војни, затоа е неопходно да се има војска и војници, да се направат подготовки и да се зајакнат капацитетите за самоодбрана“, изјави унгарскиот премиер, пренесува Танјуг.