Орбан:Унгарија изгуби 10 милијарди евра поради санкциите врз Русија

137

Унгарија оваа година изгуби 10 милијарди евра поради санкциите кои Европската унија ги воведе кон Рузија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што рече, погрешните санкции на Брисел резултираа со вртоглав раст на цените на енергенсите, што доведе до дефицит во унгарската економија од 10 милијарди евра годишно, пренесе агенцијата ТАС С.

„Владата се надева дека земјоделието на земјата ќе проголта некои шест милијарди од тој дефицит, но во буџетот ќе остане дупка од четири милијарди“, рече Орбан.

Тој напомена дека оваа сума „ќе исчезне во социјалната потрошувачка, зголемувањето на платите и намалувањето на даноците“.

„Од таа гледна точка, унгарската политика која бара преиспутување на санкциите не изгледа нималку претерано“, рече унгарскиот премиер.