Орангутани тестирани за Ковид-19 во Малезија

33

Во Малезија, десетици високо загрозени орангутани беа тестирани од коронавирусот, објавија тамошните власти.

Тестовите на 30 примати на островот Борнео беа спроведени минатиот вторник и сите биле негативни. Како што известуваат организациите кои работат со дивиот свет, ова се први тестови на орангутани во оваа земја во Југоисточна Азија. Тие беа спроведени откако вработени во еден паркот за диви животни, се покажаа заразени.

Ветеринарите внимателно ќе ги следат мајмуните и ќе продолжат со тестови. Зоолошката градина во Атланта викендов објави дека неколку од горилите што живеат таму, биле позитивни. Имаше и неколку познати случаи со мачки, кучиња и најмалку еден пор, кои исто така, биле заразени со коронавирус.