Општина Росоман ги санира последиците од вчерашното невреме во Трстеник и Дебриште

133
Фото: Фејсбук страна село Дебриште
Општина Росоман се справува и ги санира последиците од вчерашното невреме што ги зафати Трстеник и Дебриште, информираа попладнево од Центар за управување со кризи.

– Регионалниот ЦУК Велес, известува за ова, согласно информациите добиени од раководителот на Општинскиот кризен штаб на Росоман. Вчерашното невреме зафати и дел од општината Росоман, поточно село Трстеник,  од поројните дождови имаше поплавено неколку подрумски простории што ги санираа индивидуално и самостојно граѓаните, соопштија од Центарот.

Исто така, во тој реон било зафатено од поројни дождови и село Дебриште.

–  Ова село се наоѓа во ридско – планинскиот предел.  И во овој реон пороите имаат зафатено, односно поплавено неколку подрумски простории. Како последица на невремето делумно е оштетен патот кој се наоѓа на крајот од селото. На лице место биле екипи од ЕЛС Росоман што извршиле увид на настанатите штети и го известиле ЦУК, дека тие штети ќе бидат санирани со сили и средства од општината Росоман, појаснија од Центарот.