Општина Кичево со субвенции ќе ја намалува невработеноста

61

Општина Кичево втора година по ред оддели средства за борба против невработеноста.

– Годинава во буџетот на општината се предвидени околу 50.000 евра за субвенции за самовработување на поединци и фирми што ќе вработат невработено лице. Минатата година со ова мерка се вработија 25 лица – рече Бурим Кадриу од секторот за финансии во општината.

Со оваа мерка поединци кои имаат бизнис-план можат да отворат фирма со неповратни средства од 180.000 денари, но и фирми кои ќе вработат невработено лице можат да ги добијат овие средства се неповратни, но со услов да не бидат отпуштени најмалку една година оние што ќе се вработат.

– Свесни сме дека со ова мерка не можеме го решиме проблемот на невработеноста, но сепак ќе се трудиме да придонесеме во овој план. И оваа година ќе вработуваме 50 лица, претежно од семејства кои се социјално загрозени за да ги ангажираме за вршење на разноразни комунални работи на целата територија на нашата општина – заврши Кадриу.