Денеска на Светскиот ден на наставниците, Општина Кисела Вода им честита и забрагодарува на наставниците за нивните залагања за изградба на воспитани и образовани личности.
– Личности кои ќе ја развиваат нашата држава, личности кои ќе даваат позитивни примери за тоа како треба да се однесува поединецот, личности кои ќе ги менуваат работите и ќе придонесуваат за доброто на светот. Бидејќи Вие наставниците сте тие кои со Вашата работа на учениците им го покажувате правиот пат, секогаш кога ќе Ви биде потребна поддршка, Општина Кисела Вода ќе Ви биде на располагање – се вели во обраќањето до наставниците.
Оттаму им посакуваат успешна работа и веруваат дека ќе продолжат да бидат од голема корист за нашата држава.
„Образованието е најмоќното оружје кое можете да го употребите за да го промените светот“ – Нелсон Мандела