Општина Карпош ќе даде 300.000 денари за изградба на прифатилиште за бездомни животни

78

На територијата на Општина Карпош ќе се гради прифатилиште за бездомни животни.

Членовите на Советот на Општина Карпош, на последната седница, ја поддржаа иницијативата за изградба на дел од прифатилиште за бездомни животни. Притоа, Општина Карпош ќе донира 300.000 денари за реализација на оваа идеја. На минатата седница, претставниците на Здружението „Шепасти ентузијасти“, кои ќе го градат прифатилиштето, го образложија проектот пред советниците.

Имено, членовите на ова граѓанско здружение, кое официјално е регистрирано во 2019 година, со планираните средства што ќе ги добијат од Општината, ќе изградат дел од прифатилиштето со 10 дополнителни бокса за згрижување уште 50 животни, кое ќе функционира како центар за рехабилитација и хидротерапија.