За прв пат општина Гази Баба ги субвенционира граѓаните за вградување на уред за погон на течен нафтен гас, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.
Јавниот повик е објавен денес 23.08.2022 година и ќе трае се до исцрпување на финансиските средства определени во буџетот на општина Гази Баба за 2022 година.