Денес градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски оствари средба со Јован и Ева, млади каратисти од општина Гази Баба кои на балканското првенство во карате освоија прво и трето место.
Јован Врклевски е балкански првак во карате со освоен златен медал во категорија борба до 45 килограми. Тој за време на првенството ги победил натпреварувачите од Словенија, Србија и Хрватска.
Ева Јовановска има бронзен медал и трето место во карате, категорија женски борби до 40 килограми.
Градоначалникот Стефковски за постигнатиот меѓународен спортски успех ќе им додели еднократна парична награда.
Ова е уште една потврда дека општина Гази Баба е најспортската општина во градот Скопје.