Опожарени уште два контејнера во близина на железничката станица

81

Вчераутро опожарени се уште два контејнера на улицата „Никола Карев“, во близина на железничката станица. Во првите десет месеци од годинава од страна на непознати сторители се опожарени над 100 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад во градот.

– Само во првите седум дена од овој месец изгореле 10 контејнери. Сите опожарени контејнери се целосно уништени и неупотребливи. Со ваквите инциденти на ЈП „Комунална хигиена“ му е нанесена финансиска штета во висина од 1,5 милиони денари. Палењето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и одржувањето на хигиената во градот – соопштија од ЈП „Комунална хигиена“.